Фото: Маја Јаневска-Илиева

Владата одлучи воведениот полицисли час во периодот од 22 до 5 наутро, почнувајќи од денеска, да го продолжи до 6 април.

Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, која согласно епидемиолошките анализи утврдила дека е потребно продолжување на претходно воведеното ограничување на движењето.

Властите воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од ковид-19.