Последниве денови како да попушта дисциплината кај граѓаните на Кичево, така во текот на изминатото деноноќие за време на спроведување на полицискиот час и мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, во Кичево пет лица го прекршиле полицискиот час.
Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од кривичниот законик , „Непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“.
Истовремено не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби ниту сообраќајни незгоди.Полициските службеници од ОВР Кичево извршиле и контрола врз 6 лица во самоизолација и таму не се забележани неправилности а на ниво на СВР Охрид извршени се и 56 контроли врз угостителски и други објекти.
Вчеравечер околу 19 часот , полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во близина на верски објект, пронашле засадено растение канабис сатива – висококвалитетна марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на овој случај. З.А.