Пандемијата на ковид-19 ја зеде и најмладата жртва во Битола. На Инфективната клиника во Скопје почина 27-годишно момче, кое пред само неколку дена беше тестирано и се покажа дека е позитивно на ковид-19.

Момчето пред неколку дена беше хоспитализирано на Клиничката болница во Битола и потоа поради компликации беше префрлено на лекување на Инфективната клиника во
Скопје.

Смртта на младиот битолчанец ги загрижи неговите сограѓани откако во Битола во последно време се зголемува бројот на позитивни на ковид-19. Тоа што посебно ги загрижува битолчани е што и покрај препораките и апелите за почитување на мерките за заштита, сепак, мал број луѓе се придржуваат до нив.

Битолчани се прашуваат што треба уште да се случи за граѓаните и надлежните институции да се свестат и да ги принудат непослушните да ги почитуваат мерките и препораките. М.М.