Бујар Османи

Обезбедени се 55 респиратори за Клиниката на инфективни болести, како и други потребни материјали, согласно потребите на земјата за справување со пандемијата од коронавирусот, од ЕУ и помошта од меѓународните донатори, соопшти вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција.

Османи како национален координатор за странска помош, минатата недела формираше работна група од претставници на институциите како едно централно тело, во кое се собираат сите приоритети и потреби од страна на институциите, во комуникција со меѓународните донатори. Направена е првична листа од 89 артикли за потребите на Инфективната клиника, за проектирана состојба од две илјади пациенти, како и три дополнителни листи за пет институции – Министерството за здравство, за МВР, МО, ЦУК и ДЗС.