Вакцинацијата од денес ќе се одвива и без закажан термин, додека паралелно ќе се одвива и имунизацијата на граѓаните кои се пријавиле преку интернет-страницата „вакцинација.мк“. Дозволена е вакцинација и на деца од 12 до 16 години.
Според најавата од Министерството за здравство, од денес треба да почне и теренската вакцинација на населението преку мобилни пунктови. Децата од 12 до 16 години за кои од денеска е дозволена вакцинација, според препораките, ќе се имунизираат исклучиво со вакцината „Фајзер“, чие упатство од производителот го дозволува тоа.