Фото: Зоран Антоски

Со рекордните 44 новозаболени од ковид-19, во Кичево постигнат е неславен рекорд според бројот на инфицирани лица регистрирани во еден ден, од почетокот на пандемијата во месец март и, ако се има предвид дека во исто време починати се две лица, тогаш 7 ноември може да се прогласи за најцрн ден  во општината од почетокот на пандемијата.

Состојбата на повеќето новозаболени лица е потешка споредено со претходните месеци, целокупниот здраствен потенцијал е целосно ангажиран, но приливот на се поголем број на новозаболени е загржувачки а бројот на активни случаи се искачи на дури 286 .

– Ако сакаме состојбите да се подобрат, неодложно и во целост мора да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Што помала концентрација на повеќе лица на едно место, задолжително носење заштитна маска, редовна хигиена на рацете и избегнување на места каде што има поголема група на луѓе.

Проблемите во голема мерка ги создаваат помладите лица, кои чинам помалку ги подржуваат мерките, што се рефлектира и на сѐ поголем број на заболени. Болеста не се ограничува само на постарите, туку видливо е што поголем број млади се заболуваат, иако немаат коморбидитети.

Затоа се апелира до граѓаните, во секој дел од денот да ги почитуваат мерките, инаку нѐ чекаат веројатно и потешки денови – вели д-р Џабир Бајрами, кој апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.