Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во
периодот од 6 до 12 септември 2021 година, во општина Прилеп имало 83 нови случаи на ковид-19.

Од последици на коронавирусот починале пет лица. Моментално бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 269. На болничко лекување се 17 лица, од кои 14 се на кислородна поддршка, а останатите 252 се лекуваат во домашни услови.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 8.821, додека од почетокот на
пандемијата, од коронавирус починале 443 лица.

Ка.М.