Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.006 тестирања, а регистрирани се 906 нови случаи на ковид-19. Починати севкупно 26 пациенти, а регистрирани се 343 оздравени пациенти.
Осуммина од починатите се од Скопје, шестмина од Тетово, двајца се од Гостивар, тројца од Струга, двајца од Кичево и по еден од Дебар, Виница, Кратово, Прилеп и од Охрид.
Министерството за здравство денеска наместо стандарниот извештај за состојбата на заболени и починати по градови, испрати табела со бројки.