Во хотелот „Молика“ на Пелистер од синоќа се сместени уште 26 лица, со што капацитетот е исполнет во целост. Во хотелот на Пелистер синоќа пристигна група од 26 лица за претстој во државен карантин. Лицата се од различни градови и истите се пристигнати на скопскиот аеродром со лет од Германија.

Моментно во хотелот „Молика“ престојуваат 99 граѓани во организиран карантин, со што капацитетот на хотелот е исполнет. Сите активности течат според пропишаниот протокол, нагласуваат од АД ЕСМ.

М.М.