Нова серија од 10.000 заштитни маски ФФП2 беа доставени до Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, во име на Реск ЕУ – заедничка европска резерва на медицинска опрема. Логистиката и транспортот ги обезбеди Романскиот генерален инспекторат за итни ситуации.
Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија ја претставуваа директорот Аднан Џафероски и Валентина Атанасовска, раководител на Секторот за меѓународна соработка. Исто така, беше присутен и романскиот амбасадор, Виорел Станила.
Романија и Германија се домаќини на резервата Реск ЕУ и, според тоа, се одговорни за набавка на опрема, додека Комисијата финансира 100% од набавката на маски и друга опрема. Ќе следат повеќе испораки. Сите земји членки на ЕУ, Велика Британија за време на транзицискиот период и шест држави учеснички – вклучително Северна Македонија и Црна Гора – учествуваат во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Денешната поддршка доаѓа во прилог на заштитната опрема испорачана минатата недела, како што се средства за дезинфекција на рацете, пешкири, ракавици и постелнина, направена достапена од страна на Австрија за овие две земји преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Уште еден впечатлив пример за европска солидарност на дело, соопшти Амбасадата на Романија во Скопје.