Моментно нема потреба од воведување на рестриктивни мерки, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека на најавениот состанок со членови на Комисијата за заштита од заразни болести претежно ќе се разговара за прашањето дали треба да се дадат препораки за критериумите за влез во државата.
– Претежно ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез во државата, на границите, иако гледаме дека во повеќе земји од регионот има пораст на нови случаи, иако имаат некакви рестриктивни мерки, како што е на пример Грција. Треба да се препорачаат мерки кои што навистина ќе биде ефикасни – изјави Филипче.