Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно мерките на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, некои категории на лица треба да бидат ослободени од работа врз основа на приложена потврда од матичен лекар.

Станува збор за лица погодени од следниве состојби:

1) Хронични респираторни заболувања;
2) Тешки кардиоваскуларни заболувања;
3) Дијабет – ТИП1;
4) Малигни заболувања;
5) Имуно-компромитирачки состојби.

– Хронични респираторни заболувања:

ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
Астма – J45
Интестицијална фиброза – Ј84

– Тешки кардиоваскуларни заболувања:

Срцева слабост со EF<40
Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
Тешка аортна и митрална стеноза
Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
Длабока венска тромбоза до 3 месеци

– Дијабетес мелитус:

Диајабетес тип I
Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

– Сите малигни заболувања – C00-C97

– Имунокомпромитирачки состојби:

Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
Хроничен нефротичен синдром – N04.9
Интермитентна хемодијализа – Z99.2
Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34