Филипче-Коцарев
Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ. На средбата се разговарало за работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата од ковид-19, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите.
Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од ПЦР-тестови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ 8 Септември, и болниците во Кичево и Дебар.
Министерот Филипче и академик Коцарев на средбата зборуваа и за зголемување на капацитетите на лабараторијата како и подобрување на условите за тестирање во иднина, а на средбата како иден план се постави вовоедувањето на проектот на национално ниво за воведување на персонализирана медицина како начин за лекување на онколошки болести и за други области од медицината.