Учениците до трето одделение во училишните клупи, останатите да следат настава од дома, е предлогот на Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за образование и наука.
Останува Владата да ја донесе конечната одлука, извести министерот за здравство Венко Филипче. Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство на децата.
– За овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука. За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие jа aжурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат – изјави министерот Венко Филипче.
Училиштата и градинките не работат од 10 март, а остануваат две недели до почеток на школската година.