Комисијата за заразни болести денеска се очекува да даде препорака до Владата за дозвола за дневен престој на деца кои нема кој да ги чува по завршување на часовите.
Како што соопшти вчера директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, одлуката ќе зависи од епидемиолошката слика и од условите и критериумите кои треба да се исполнат за воведување целодневен престој.
Исјановски вчера навести дека е можно затворање на градинките доколку дојде до влошување на состојбата со коронавирусот.
Со одлука на Владата, од среда сите родители кои досега беа ослободени со мерките поради пандемијата, како и хронично болните се враќаат на своите работни места.