Комисијата за заразни болести не предложи нови мерки до Владата на денешниот состанок. Тоа значи и дека нема да има дополнителни мерки, односно на сила останува полицискиот час (од 22 до 5 часот) што е предвидено да трае до 6 април.
Комисијата ја донесе одлуката врз основа на податоците за новозаразените во последните неколку дена. Таа повторно ќе заседава веројатно в понеделник.