Кинеските вакцини утре треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што образложи, вакцините в петок од Истанбул ќе заминат за Белград, па се очекува истиот ден или ден подоцна со специјални камиони да пристигнат во Скопје.
Со тоа, како што најави министерот, од вторник по празниците би почнал процесот на имунизација со овие вакцини.
Филипче посочи дека досега се вакцинирани околу 53.000 граѓани.