На жител од Кичево ќе му биде изречена парична казна во висина од 4.000 евра во денарска противвредност поради непостапување по здравствените прописи и мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Обвинетиот на 15 март влегол во земјава од Австрија и потпишал изјава за самоизолација.
Но, при проверка на полициските службеници на 17 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом.
Со тоа, кичевецот сторил кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.