Град Скопје во соработка со „ГДИ Скопје“ изработи интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за време на полицискиот час на територијата на сите скопски општини.
На мапата можат да се најдат сите дејности што стојат на располагање во општината, и во согласност со потребите може да се направи онлајн или телефонска нарачка за достава. Мапата постојано ќе се надополнува со нови информации и дејности.
На мапата може да се пристапи преку следниот линк.