Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
– Ова е шестти познат случај во светот каде ковид-19 развил ваква клиничка слика – велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек. Ова е реткост во светот и убава вест меѓу медицинските работници во установата кои со месеци секојдневно водат битки со ковид-19. Тие се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени. Вирусот е непредвидлив. Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете се. Денеска, за првпат се регистрирани рекордни 336 оздравени пациенти – напиша Филипче на Фејсбук.
Во болницата „8 септември“ денеска се примени нови девет пациенти, десет оздравеле а двајца починале. На респиратор се четворица пациенти.