По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.
Кај овие лица, согласно протоколот, биле направени два контролни теста и истите покажале негативен резулат на коронавирусот.
Во моментов во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат четири пациенти, а Штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.
Претходно од МЗ соопштија дека од Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска се испишани пет оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.