Исламската верска заедница ги отвора џамиите за молитви од 12 мај, одлучиле 13 муфтии на чело со реисот Сулејман Реџепи на вчерашниот состанок. Тие велат дека одлуката ја донеле, врз основа на фактот што во земјата се намалил бројот на заразени од коронавирусот.
– Вреди да се напомене дека во текот на суспензијата на колективните молитви во џамиите, ИВЗ строго ги спроведе препораките на релевантните институции за заштита на здравјето на населението, свесна за последиците – соопшти ИВЗ.
Од ИВЗ се надеваат оти одлуката на Ријасетот ќе наиде на разбирање кај државните органи.