Mинистерот за здравство, Венко Филипче, најави дека земјите од регионот работат на договарање дата за истовремено отворање на границите за сите соседни земји, без притоа да биде потребно приложување на ПЦР тест.
– Заедничката одлука треба да се донесе заедно со размена на информации за епидемиолошката слика во секоја земја во регионот. Според него и покрај отворањето на границите, превентивните мерки како маски и држење растојание ќе мора да останат во сила – вели Филипче.
Заеднички работни групи беа формирани од министерствата за здравство во регионот, со цел едногласно отворање на границите. Пред неколку дена, во Косово беше укинат тестот за странски државјани кои сакаат да транзитираат низ негова територија.
Од утре за тоа ќе биде дискутирано и во Македонија.