Во текот на утрешниот ден ќе биде познато дали ќе има ублажување на мерките, како што истакна министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонија“ на Канал 5.
Одржувањето на изборите, по проценките на стручните лица, исто така ќе биде тема на расправа за надлежните здравствени власти.
Министерот нагласи дека граѓаните мораат и натаму да ги почитуваат мерките, и покрај тоа што бројот на заразени се намалува.