Бројот на заболени во Чаир е зголемен за 40 лица за само два дена, покажува статистиката на Министерството за здравство.
Во Карпош има нови 17 лица позитивни на коронавирусот, а во Центар за два дена бројката е порасната за нови 14 лица.
Во Кисела Вода за два дена уште 8 лица се позитивни на Ковид-19, исто како и во Аеродром. Во Сарај има тројца новозаболени, во Гази Баба има 5 нови, во Шуто Оризари нови 9, а во Арачиново е истата бројка на заболени – 23.
За само два дена, во општините во Скопје има 102 нови активни случаи позитивни на Ковид-19. Пред два дена бројката беше 658 активни случаи, а денеска е 760. Меѓу позитивните има и двајца странци.
Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера изјави дека станува збор за 41 кластер, а повеќето заболени се од периодот 23, 24 и 25 мај, и тоа на семејни собири.
Најновата дистрибуција на позитивни на Ковид-19 според општини во Скопје е следната:
– Чаир – 192
– Бутел – 68
– Центар – 66
– Гази Баба – 63
– Аеродром – 61
– Карпош – 57
– Сарај – 55
– Кисела Вода – 37
– Ѓорче Петров – 23
– Арачиново – 23
– Шуто Оризари – 21
– Студеничани – 20
– Илинден – 18
– Петровец – 6
– Чучер Сандево – 3
– Сопиште – 2
– странци – 2