Во Македонија во моментов има 4.043 активни случаи на коронавирус, откако вчера беа потврдени 137 новозаразени.
Според податоците на Министерството за здравство, досега како последица на вирусот починале 442 лица, а оздравени се 5,071 од вкупно 9.547 заразени од почетокот на пандемијата.
Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека ситуацијата е под контрола и нема потреба од рестриктивни мерки.
– Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, нема индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува. Ситуацијата е стабилна, епидемиолошката состојба ја имаме целосно на увид – вели министерот.
Во моментов во болниците низ државата хоспитализирани се 400 пациенти. Во однос на тоа, министерот смирува дека бројот е константен подолг временски период. Тој рече дека состојбата се менаџира соодветно и епидемиолошката состојба ја имаат целосно на увид.
Досега во земјата се направени вкупно 89.703 тестирања на ковид-19.