Во писмото, Западен Балкан побара од ЕУ разгледување на вклученоста на регионот во Унијата во однос на шемата на авторизиран извоз, понатаму овозможување на Западен Балкан, доколку е неопходно, да стане дел од заедничките договори за јавни набавки за медицински противмерки и оттука да учествува во заедничката набавка на медицинска и заштитна опрема, како и разгледување на можноста за дозвола на регионот на Западен Балкан да ги пренамени постојните фондови од Инструментот за претпристапна помош (IPA II) за борба против пандемијата на коронавирусот, но и користење на сите други ЕУ фондови достапни за оваа намена.
– Бараме Западен Балкан, кој секогаш јасно и недвосмислено нагласувал дека припаѓа во Европското семејство, да биде изземен од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од Европската Унија со цел да преку споделување на искуства и снабдување на неопходната опрема и медицински апарати, стане дел од Заедничкиот Европски Одговор во контекст на борбата против Ковид-19 – се наведува во писмото.
Дополнително на предложените мерки, во име на Парламентите, се поздравува секој вид на помош која Европската Унија е подготвена да ја овозможи за регионот на Западен Балкан.
Потписници на писмото се Грамоз Ручи, претседател на парламентот на Република Албанија; Денис Звиздиќ, пpетседател на Претставничкиот дом на парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина; Драган Човиќ, претседател на Народниот дом, Парламентарно Собрание на Босна и Херцеговина; Вјоса Османи, претседател на Парламентот на Косово; Иван Брајовиќ, претседател на Парламентот на Црна Горa, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Маја Гојковиќ, претседател на Националното Собрание на Република Србија.