Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус, а од заразната болест оздравеле три лица.
Бројот на активни случаи изнесува 33, од кои 23 се наоѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 39 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 348. Ка.М.