Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми е негативен на коронавирус, објави тој на неговиот Фејсбук. Тој вели дека според препораките на епидемиолозите, до 9 јуни ќе остане во самоизолација.
– Сакам да ви искажам бескрајна благодарност за пораките и за грижата која што ја добив од ваша страна по вчерашното објавување на веста. На сите оние кои што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите останати сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции – напиша Муареми на Фејсбук.