Во текот на изминатото деноноќие две лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот.
Овие лица се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик.
Во текот на вчерашниот ден во атарот на село Осој нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на А.Т.(22)врз лицето М.Х.(20). И против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. Викендов не се регистрирани кражби, ниту сообраќајни незгоди.
Од СВР Охрид информираа дека во Кичево се евидентирани 11 лица во изолација и во текот на изминатото деноноќие кај сите лица се извршени контроли и не се констатирани неправилности. Во истиот период извршени се контроли и врз 24 угостителски објекти. З.А.