Во изминатото деноноќие бројот на новозаболени од ковид-19 во Кичево е зголемен за две лица и сега вкупниот број на активни случаи изнесува 38 , додека бројот на починати е ист и изнесува 15 лица, а не е променет ниту бројот на излекувани ациенти, кој изнесува 258.
Ако се спореди со останатите општини со слична големина, состојбата во Кичево може да се квалификува како задоволителна, но и понатаму будноста на граѓаните и почитувањето на протоколите треба во целост да се почитуваат.
– Денес во нашата општина се регистрирани два случаи на инфицирани со ковид-19. Бројката не е голема, но ако се има предвид дека се ближи периодот на затоплување на домовите со тврдо гориво и зголемено аерозагадување, тогаш технолошката дисциплина на сите без исклучок треба да биде најголема, ако сакаме бројките да се движат во подносливи рамки. Ние, како град со зголемено аерозагадување, мораме да бидеме свесни дека аерозагадувањето и тоа како му одговара на коронавирусот, бидејќи ќе бидеме подолг период во затворен простор, затоа почитувањето на протоколите е повеќе од неопходно – истакнуваат од Кризниот штаб.