Градот Скопје официјално со допис се обрати до збратимениот град Нанчанг и до амбасадата на НР Кина во земјава за евентуална помош и донација на медицинска опрема од збратимениот град. За тоа намена, Град Скопје имаше интензивна комуникација со градот Нанчанг и амбасадата на Република Северна Македонија Македонија во НР Кина, како и со кинеската амбасада во нашата држава, се вели во соопштението на Град Скопје.
– Не знаеме дали господинот Коце Трајановски ургирал до збратимениот град Нанчинг во НР Кина за добивање на заштитни маски, но ако навистина е така, Град Скопје ја поздравува неговата ангажираност. Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти. Град Скопје во меѓувреме го организира и транспортот на донираната опрема, со цел истата што е можно побргу да стаса во нашиот град и биде од помош за надлежните градски и државни институции. Уште еднаш во име на нашите граѓани, искажуваме голема благодарност кон збратимениот град Нанчанг и народот на НР Кина – се додава во соопштението.