Во текот на неделата ќе се стават во функција лабораторијата на Институтот за судска медицина и МАНУ. Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, со ова бројот на тестирања се зголемува за плус сто и ќе се елиминира долгото чекање на резултати, што се случува некогаш поради големиот број на брисеви во ИЈЗ.
– Со оглед дека во Министерството за здравство добивме околу 20.000 тестови за скининг на антитела и со оглед на тоа што ситуацијата во Дебар е стабилна, односно таму немаме ново дијагностицирани пациенти, а практично сите закрепнуваат, ќе направиме скрининг на бројка од 20-30 отсто во регионите каде досега имаше мерки како рестрикција за движење, а со цел да се процени имунитетот и да видиме што би можеле да очекуваме на ниво на држава во оној момент кога ќе одлучиме дека треба да се прави таков скрининг на антитела, согласно времето кога се наоѓаме во епидемиолошка крива – рече Филипче.
Тој додаде дека се распределува и заштитната опрема, односно донацијата од Чешка од каде беа испратени 1 милион маски ќе бидат дистрибуирани во сите установи, согласно интензитетот на нивното трошење.