Според СВР Битола во моментов 90 лица во Прилеп се во домашна изолација и под полициски надзор.
Овие граѓани претходно биле во странство и според препораките веднаш по влезот во Македонија се ставени во домашна изолација во траење од 14 дена.
„Паднаа“ и првите кривични пријави за непочитување на мерките за изолација.
Како што информираа од СВР Битола поднесени се четири кривични пријави заради непочитување на мерките за заштита. Ка.М.