Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 53 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 111 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 2.691 тестирање, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51, 63, 68, 81 и 88), 3 лица од Струмица (62, 74 и 88), 2 лица од Битола (68 и 82) и по едно лица од Тетово (71), Гостивар (80) и Струга (81). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а другите 9 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 785.345 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.