Во Куманово моментно 301 лице се води како активен носител на коронавирус, со што градот е втор со најмногу заболени, зад Скопје, каде што има 917 активни случаи.
За само пет дена во Куманово биле потврдени 82 новозаразени, од кои 18 во изминатото деноноќие.
Од Куманово се и двајцата пациенти кои починаа во изминатите 24 часа. Како што соопштија од Министерството за здравство, тие биле на возраст од 64 и 72 години, а починале во болнички услови.
Од саботата до денес, најголем број на позитивни случаи биле регистрирани во понеделникот кога биле потврдени тестовите за 26 лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900.