Во герентолошкиот дом „Сју Рајдер“ во Битола покрај корисниците на домот, инфицирани од ковид-19 се и неколкумина вработени. 

Од земените брисеви на седумина вработени лица, шест се позитивни, изјави директорката на Центарот за јавно здравје од Битола, д-р Елизабета Крстева.

Таа објасни дека сите тие се со лесна клиничка слика и се покриени со двојна терапија. Тие се под надзор на доктори од „Сју Рајдер“ и инфектолози од Клиничка болница во Битола. Во следните два дена ќе се земаат брисеви и од останатиот персонал, велат од Центарот за јавно здравје.

Инаку од 46 досега земини брисеви во герентолошкиот дом, дури 33 пациенти се позитивни на ковид-19.

М.М.