Среќата му се насмевнала на холандскиот машиновозач откако возот излетал од шините, а потоа слетал на уметничка скулптура во форма на опашка на кит. Во неделата вечерта, брз воз удрил во оградата недалеку од Ротердам и ја пробил. Возот на среќен начин избегнал директен пад во водата десет метри пониско, пренесува Би-би-си.

На метростаницата Де Акерс во близина на Ротердам, локомотивата била спасена од паѓање, од опашка на скулптура на кит направена од камен.

– Се обидуваме да најдеме начин безбедно да го спуштиме возот  – изјавил претставник на железницата за холандскиот национален јавен сервис НОС.

Машиновозачот успеал сам да го испразни возот. Тој бил на лекарски преглед и не бил повреден.

Скулптурата „Опашка на кит“ која го задржала возот, е дело на уметникот Мартин Струјс и е на тоа место од 2002 година. Во коментар за НОС, уметникот изразил изненадување што скулптурата не се скршила.

– Создадена е пред скоро 20 години… Вие би очекувале материјалот да се истроши, но тоа очигледно не се случи. Морам да го фотографирам. Не ми падна на памет дека може да се случи такво нешто – истакнал авторот.