Според Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е на врвот на европската листа по број на починати на милион жители или на петто место.
На светската ранг листа од 220 земји повторно сме на врвот по починати на милион жители или на 13 место. Македонија е на дно во Европа по број на направени тестови. И додека во другите земји во Европа се тестирало од минимум 20 проценти до 60 на населението, бројката на тестирани во Македонија е само околу 15 проценти од населението. – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.