Од почетокот на пандемијата во Македонија биле регистрирани над 12.000 лица позитивни на коронавирус.
Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи кога вчера беа потврдени 141 новозаразен.
Според податоците на Министерството за здравство, бројката на оздравени пациенти досега изнесува 8.248, а на починати е 529.
Во моментот 3.306 луѓе се активни носители на вирусот. Од нив, 1.157 се од Скопје, во Штип има 342 активни случаја, Гостивар – 285, Куманово – 266, Тетово – 175.
Во болниците во целата држава во моментот се хоспитализирани 389 пациенти.
Досега се извршени вкупно 117.475 тестирања на ковид-19.