Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје.
Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари, а засега се достапни вакцините на „Фајзер“, на „Астра зенека“, руската вакцина „спутник В“ и кинеската вакцина „Синофарм“.
Од 05 април започна масовна вакцинација во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација.
– Заклучно со 2.5.2021, со „фајзер/бионтек“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „спутник В“ се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на „Астра зенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со „Синофарм“ се вакцинирани 953 лица – соопшти ИЈЗ.