Министерот за економија, Крешник Бектеши, е позитивен на коронавирус.
Веста тој ја сподели на социјалните мрежи, коментирајќи дека резултатот го добил денеска, но нема никакви симптоми и се чувствува добро.
– Би сакал да ве известам дека и покрај максималните напори и почитување на протоколите, штотуку сум информиран дека сум позитивен на ковид-19, од тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми, а членовите на моето семејство добија негативен тест. Ве повикувам да ги почитувате протоколите, ви посакувам сè најдобро вам и на вашите семејства – напиша Бектеши.
Të nderuar miq,familjarëDua t’ju njoftoj që edhe përkundër përpjekjeve maksimale dhe respektimit të protokoleve sapo më…
Posted by Kreshnik Bekteshi on Среда, 22 јули 2020