Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека нема да може секој да испитува антитела на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), туку ќе бидат поставени одредени критериуми според кои ќе може да се прават такви тестови.
– Со директорот на Институтот за биохемија заклучивме дека има категорија на граѓани кај кои има индикации да се прават испитувања за антитела. Затоа одлучивме да се врати одлуката, да се прават испитувања за антитела, на товар на Фондот, во Инситутот за биохемија, но ќе дадеме соодветни критуериуми, да не биде дека секој може да го прави тоа испитување, бидејќи финансискиот товар е премногу голем. Согласно тоа дали прележале или не прележале коронавирус или треба индикација за вакцина во одреден период ќе дадеме критериум и грашѓаните ќе можат да ги прават овие испитувања на товар на Фондот – рече Филипче.