Поранешниот градоначалник на Центар Жупа, Мазлум Хасан, почина на 52-годишна возраст од компликации од ковид-19, објавија повеќе медиуми.
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, ја потврди информацијата на својот фејсбук-профил.
– Денес ја примивме тажната вест за смртта на поранешниот градоначалник на ц. Жупа, Мазлум Хасан. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и Бог да им даде сабур. Го молиме Господ на Мазлум да го награди со Џенет ин ша Алах – напиша Дука.
Хасан беше избран за градоначалник на локалните избори во 2009 година, како кандидат на Демократската партија на Турците, која тогаш беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.