Не се казнети лицата кои вчера патуваа и по почетокот на полицискиот час. Дополнителната заменик – министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, денес извести дека полицијата имала разбирање за патниците.
– Полицијата го следеше метежот на улиците и автопатот и имавме разбирање за граѓаните кои беа затечени во моментот кога почна полицискиот час. Полицијата укажуваше побрзо да се упатат до крајните дестинации на кои се тргнати, односно да го почитуваат полицискиот час. Во некој период од половина час кога беа затечени не беа изречени мерки, само беа писмено предупредени – извести Петровска.
Бегајќи од карантинот во Скопје, Куманово, Тетово и Штип полицискиот час многумина ги фати на автопат или на патарини. Долги колони возила беа регистрирани на влезот во Охрид и по почетокот на полицискиот час.