Владата усвои Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговори на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра.
Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за помош за финансирање на мерките за здравствена и економска стабилизација, и исполнување на потребите кои произлегуваат од појавата на коронавирусот.
Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман.