Фото: Зоран Антоски

ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(66) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот на 22 овој месец во 19.30 часот бил затекнат на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај месноста Осломејски пат и при контрола било утврдено, дека тој не ги почитувал мерките за забрана за движење, односно немал соодветна дозвола за движење издадена од надлежен орган. Со овој чин пријавениот постапил спротивно на прописите на Владата за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на вирусот ковид-19.


Едно лице од Кичево изминатото деноноќие не го почитувало полицискиот час

Во изминатото деноноќие за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на ковид-19, едно лице од Кичево не ја почитувало забраната за движење во време на полицискиот час.

Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Во истиот период нема нарушување на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни несреќи.

Во изминатото деноноќие во општина Кичево  евидентирани се 5 лица во самоизолација и врз сите овие лица полициски службеници извршиле контрола и не регистрирале неправилности-информираа од СВР-Охрид,од каде додаваат дека во овој регион изминатотот деноноќие извршени се и 69 контроли врз угостителски и други објекти.