Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 20 до 26 септември 2021 година, во општина Прилеп имало 84 нови случаи на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 3 лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 294.На болничко лекување се наоѓаат 15 лица, од кои 11 се на кислородна поддршка;, а во домашни услови се лекуваат 279 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 8.993. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 449 лица.

Ka.M.