На денешната седница Владата одлучи кон мерките за спречување внесување и ширење на коронавирусот да се додадат два нови става.
Едниот се однесува на тоа дека државјаните на Косово, кои влегуваат на територијата на земјата од копнен граничен премин, задолжително ќе треба да приложат медицинска потврда со негативен резултат на коронавирусот (RT PCR SARS-CiV-2), направен 72 часа пред влез на територијата на државава и во случај на транзитирање низ неа.
Вториот став се однесува на тоа дека медицинска потврда со негативен резултат од тест за деца ќе се приложува кога детето има над 10 години.