Движењето на граѓаните ќе биде ограничено, за време на продолжениот продолжен викенд.
Согласно одлуката што Владата ја донесе на седница, од денеска во 16 часот, до вторник, 21 април, до 5 часот, се забранува движењето за сите граѓани.
По вторник, како и досега, останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 до 5 часот наредниот ден.
За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.